еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Очекуваме наскоро да бидат свикани меѓувладините конференции со Северна Македонија и Албанија, изјави Мицотакис на средбата со Петков

Очекуваме наскоро да бидат свикани првите меѓувладини конференции на Европската Унија со Северна Македонија и Албанија, изјави денеска во Софија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средба со неговиот бугарски колега Кирил Петков, додавајќи дека позицијата на Грција во време на растечки тензии е дека единствениот исправен пат во полза на сите е придвижување на Западниот Балкан кон ЕУ.

– Пред се, најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините конференции со Република Северна Македонија и Албанија, нагласи Мицотакис, потенцирајќи дека Грција која „отсекогаш била лост за напредок на регионот очекува поддршка од Бугарија за оваа заедничка цел“.

Мицотакис, кој престојува во посета на Софија, нагласи дека Грција и Бугарија не се само соседи, туку и сојузници и партнери, кои го почитуваат меѓународното право и дека стратешкото партнерство меѓу нив е клучно за стабилноста на регионот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на средбата Мицотакис – Петков биле истакнати блиските односи меѓу Грција и Бугарија, при што станало за збор енергетски и инфраструктурни проекти од взаемен интерес, за имплементација на прекугранични проекти во рамките на програмите на ЕУ, за изградбата на интерконекторот меѓу двете кој влегува во завршна фаза, како и за прашања поврзани со миграцијата и проблемот со бегалците. Мицотакис, исто така, нагласил дека Атина стои на располагање да и помогне на Бугарија за забрзување на вакцинацијата.

Според податоците на Бугарската народна банка, грчките директни странски инвестиции во Бугарија со 31 декември 2020 година изнесувале 2,57 милијарди евра.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерките за влез во Грција остануваа исти до следната недела

Редакција

ММФ за годинава предвидува раст на македонската економија од 2,1, а цените да пораснат за 9,2%

Редакција

Албанија станува пречка за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ?

Редакција