еМагазин
Свет

Од 1 октомври ковид-пасошот задолжителен и во Ватикан

Од 1 октомври за влез во Ватикан ќе биде потребен здравствен сертификат со кој се докажува имунитет против Ковид-19.

Жителите, работниците и посетителите ќе треба да го носат таканаречиот ковид-пасош што веќе широко се користи во Италија, се вели во соопштението на Светата столица.

Исклучок ќе се прави за оние кои присуствуваат на литургијата „за времето потребно за обредот“.

Ковид-пасошот, што првично беше дизајниран да го олесни патувањето меѓу земјите од Европската унија, покажува дека некој бил вакциниран против Ковид-19, или имал негативен тест за Ковид-19 или неодамна заздравил од коронавирусот.

Минатиот четврток, италијанската влада им нареди на сите работници да го покажат својот зелен сертификат од 15 октомври, во обид да ја засилат кампањата за вакцинација.

МИА/Фото: Photo by Hasan AKBAS on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германски и американски компании продолжуваат да остваруваат големи приходи во Русија

Редакција

„Реални се шансите да ја добијат војната“: Путин е блиску да обезбеди копнен коридор до Крим преку Мариупол, вели британскиот премиер Џонсон

Редакција

Во Конго трет случај на ебола неделава

Редакција