еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на шесте земји од Западен Балкан

Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули, порача во Подгорица министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, на состанокот на министри од шесте земји од Западен Балкан, одговорни за дигиталната трансформација и политиките за информациски и комуникациски технологии, организиран од Советот за регионална соработка (RCC), “Heading towards Roaming Free Western Balkans”.

Следниот чекор треба да биде намалување на трошоците за роаминг меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

„Важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу шесте земји од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.

Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик.

Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба“, рече Шаќири.

Од 1 јули, корисниците на македонски броеви ќе може да ги користат своите телефони за разговори под истите услови како во Македонија, кога се во Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија, доколку сакаат да повикаат број во Македонија или одговорат на повик од мобилен број од земјава.

Сепак, за сите детали, како и за испраќањето СМС и користењето интернет во роаминг, корисниците ќе треба да ги проверат условите на веб-сајтовите на мобилните оператори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Трогателно сведоштво на д-р Жан Митрев за борбата за живот на малиот Вилијам

Редакција

Занаетчиската комора за прв пат доби жена за директор

Редакција

Граѓаните кои се вакцинираа во Србија ќе може да патуваат со документот издаден таму, ист ќе биде и македонскиот сертификат

Редакција