еМагазин
Image default
Македонија

Од 13 новозаразени со Ковид-19 во Штип, 10 примиле една или две дози на вакцина

Во штипската модулaрна болница се зголемува бројот на пациенти, кои бараат болничко лекување по влошување на состојбата од коронавирусот.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека денеска во модуларната болница имаат 13 пациенти, од кои 10 се на кислородна поддршка. Битката со вирусот ја загуби 62 годишен пациент од Виница.

Карактеристично е тоа што од 13 – те хоспитализирани пациенти од нив 10 пријавиле дека примиле една или две дози на вакцина. Лекарите аплерираат пациентите веднаш по појавата на први симптоми да се тестираат, со цел навремено да ја добијат терапијата.

Што се однесува до имунизацијата на населението во штипскиот регион во пунктот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ тече без проблеми. Во него дневно вакцина примаат околу 600 пациенти, од кои 250 прва доза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниеден вакциниран меѓу починатите од Ковид-19 минатата недела, 87,1% невакцинирани меѓу новите случаи

Од Ковид-19 починаа по две лица од Тетово и Гостивар и едно од Виница, најмладото на 48-годишна возраст

Нов раст: 672 нови случаи на Ковид-19 од 6.770 тестирања

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев се „пресели„ во Охрид: Ќе ја издржува ли казната во затворот во Струга?

Редакција

Американската амбасадорка Агелер: Збунувачки е процесот за избор на нов шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

Обвинителство со предистражна постапка за тоа кој му помогнал на Груевски во бегството

Редакција