еМагазин
ЖИВОТ

Од 15 ноември задолжително носење зимска опрема

Од 15 ноември до 15 март е периодот на задолжително носење зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година), информираат од Министерство за внатрешни работи.

Под зимска опрема се подразбираат зимски гуми, синџири за снег со соодветна големина за гумите, прирачен алат.

Од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Фото: АМСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Надминат е единствениот спор со Македонците“: Реакции во Србија за помирувањето меѓу СПЦ и МПЦ-ОА

Редакција

Детален преглед: Какви хронични заболувања имале вакцинираните лица кои минатата недела починале од Ковид-19

Редакција

Објавени препораките за лекување и третман на Ковид-19, еве што пишува во нив

Редакција