еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмладото на 44 години: Од Ковид-19 починале 36 лица, кај 32 регистрирани коморбидитети

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 23 починати лица од Ковид-19: 13 починати лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1).

Починатите лица се на возраст од 61 – 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица, 10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на починати е 8.829.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 1.091 случај на Ковид-19 од 3.702 тестирања, 156 се реинфекции

Убава вест: Оздравени 2.322 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 94 случаи на заболени од корона вирус од 830 тестирања, половината од нив во Скопје

Редакција

Проф. Трајковски прогнозира: „Ковид-19 ќе биде сезонски вирус, а на пандемијата, најдоцна до есен следната година и се наѕира крајот“

Редакција

Ако компаниите ги намалат цените на производите повеќе од предвидениот процент, ќе се разговара да добијат државна поддршка

Редакција