еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 7 до 20 април затворање на сите угостителски објекти

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук-профил информира дека Владата денеска донесе одлука за затворање на сите угостителски објекти од среда до 20 април 2021 година.

Почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители.

Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година (среда).

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.

Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.

Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, објаснува Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Останува забраната за групирање на повеќе од 4 лица

Се затвораат и обложувалници, фитнес салите, се забранува одржување семинари, обуки, работилници

Ќе трае до 20 април: Од утре полициски час од 20 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што гради Лимак, на чие градилиште во Скопје беа приведени 97 работници кои работеле илегално

Редакција

Нови 1.222 случаи на Ковид-19 од 4.342 тестови, 157 се реинфекции

Редакција

Крвични за прекршување на протоколите за Ковид-19 за три угостителски објекти во Скопје и еден во Битола

Редакција