еМагазин
Image default
Македонија

Од Беса бараат СДСМ и ДУИ да престанат со притисок врз нивните пратеници

На состанок на централно претседателство на Движење Беса во Тетово е утврден партискиот став дека на последните локални избори се исполнети зацртаните објективи како што е победата во Општина Тетово и Општина Желино, информираат од партијата.

Од таму посочуваат дека за нив достигнување се и 26.000 освоени гласови, кои ја потврдиле политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 година.

– Движењето  Беса уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од страна на СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата.

Исто така апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Движењето Беса. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница.

Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Северна Македонија се во опасност, се наведува во партиското соопштение.

Движењето Беса уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтегративните процеси, сметајќи дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Северна Македонија.

Од партијата посочуваат дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата, а партнерство со САД и ЕУ ја обезбедува прозападната иднина на Северна Македонија.

Беса ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија како и борбата против апсолутната власт на ДУИ  и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели.

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови на одбраната на судењето за случувањата во Собранието од 27. април

Редакција

Најголем дел од денешните дојави за бомби во училиштата – лажни, проверката во останатите продолжува

Редакција

Владата им ги намали платите на амбасадорите и конзулите за 20 отсто

Редакција