еМагазин
Image default
Македонија

Владата им ги намали платите на амбасадорите и конзулите за 20 отсто

Владата на вчерашната седница ја измени Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба со која се намалуваат платите и на дипломатите.

„Одредбите од оваа уредба со законска сила се однесуваат и на вонредните и ополномоштени амбасадори и генералните конзули на Република Северна Македонија, кои остваруваат право на плата согласно Законот за надворешни работи.

На вонредните и ополномоштени амбасадори и генералните конзули од член 2 став 4 од оваа уредба со законска сила, за месеците април и мај 2020 година им се исплатува плата намалена за 20% од платата утврдена за месец март 2020“, пишува во изменетата Уредба објавена во Службен весник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата не го прифати предлогот на СДСМ: Наместо на цела администрација, скратени само платите на функционерите

Кај 242 лица од заразените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија

121 здравствени работници заразени со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 457 случаи на Ковид-19 од 1.682 тестирања

Редакција

Орка Холдинг со демант за полициска акција во „Монт“, се работи за контрола од инспектори од МВР

Редакција

Лажна пријава за бомба пред Влада, јавувачот е откриен и приведен

Редакција