еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажна пријава за бомба пред Влада, јавувачот е откриен и приведен

Полициски службеници привеле едно лице, кое во 10:32 часот во СВР Скопје телефонски пријавило дека при посетата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата.

Од МВР информираат дека преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна.

– Лицето И.М. е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда, посочуваат од Министерство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родители на убиените момчињата кај Смилковското езеро се виделе со Десковска, но од средбата не произлегло ништо

Редакција

Преживеан од автобусот кој изгоре во Бугарија на Заев му кажал дека се слушнала силна експлозија

Редакција

Продолжуваат судењата за „Насилство во Општина Центар“, „Таргет-Тврдина“ и „Т.Н.Т.“

Редакција