еМагазин
Македонија

Од денеска можете да имате увид во Избирачкиот список

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите почнува денеска и ќе трае до 9 септември.

Државната изборна комисија (ДИК) од денеска на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на izbirackispisok.gov.mk, или во нивните канцеларии и подрачни единици.

До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Од 16 август, кога започна собирањето потписи за независни листи до вчера се собрани потписи за четири независни кандидатски листи, а рокот истекува на 30 август во 24 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собрани потписи за четири независни кандидатски листи, рокот е до 30 август до 24 часот

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот.

ДИК ги интензивира подготовките за изборите, а на последната седница се донесени неколку нови упатства за изборите и програми за едукација. На 25 август се очекува да пристигнат првите 250 апарати за вчитување на отисоци од прсти и системот што ќе се употребуваат првпат на овие локални избори во Северна Македонија.

Во меѓувреме, партиите постепено ги објавуваат кандидатите за градоначалници и носители на советничките листи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Берово, Гази Баба, Могила, Неготино и Ранковце

Владејачката СДСМ и коалицијата најавија дека најдоцна до 24 август (вторник) ќе објават дел од кандидатите за градоначалници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу нив и актерот Тони Михајловски: ВМРО-ДПМНЕ објави уште 19 кандидати за градоначалници

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во Центар, Кисела Вода, Штип, Велес, Прилеп…

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, меѓу другото, за Куманово каде партијата ќе ја претставува актерот Тони Михајловски, за скопската Општина Ѓорче Петров, доктор Александар Стојковски, за Бутел, Дарко Костовски, за Општина Македонски Брод е Жарко Ристески, за Свети Николе е Дејан Владев

ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива исто така најавија соработка на локалните избори.

ЛДП и ДОМ за прв кандидат за градоначалник го најавија бизнисменот Виктор Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот менаџер на Випро, Виктор Петков, кандидат за градоначалник за Гевгелија на коалицијата ЛДП и ДОМ

Кандидатските листи за локалните избори треба да бидат поднесени до Општинските изборни комисии (ОИК) најдоцна до 11 септември на полноќ, а треба да бидат потврдени најдоцна до 18 септември од ОИК и огласени.

Иборната кампања за првиот круг започнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ.

Изборите, што повторно ќе се одржат со протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да се одрже 30 октомври.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореници во затворот во Струга дилале кокаин низ цела Македонија

Редакција

Уште две лица тестирани за короновирус, едното негативно, дополнителни тестирања за второто

Редакција

Денеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Редакција