еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починаа 10 лица, 7 биле со коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 6 починати лица од Ковид-19: 2 починати лица од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1).

Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.968.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 910 оздравени од Ковид-19

102 се реинфекции: Нови 631 случаи на Ковид-19 од 2.818 тестови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влез во Македонија само со негативен тест или задолжителен двонеделен карантин

Редакција

Коста Начевски назначен за в.д. директор на „Дрисла“

Редакција

Трагедија: Седумгодишно дете пронајдено починато во поток во скопското село Грушино

Редакција