Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица од Ковид-19: по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021.
Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.
Вкупниот број на починати е 7.328.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 328 оздравени од Ковид-19
Нови 285 случаи на Ковид-19 од 2.667 тестирања
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.