еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 6 лица, најмладиот 53-годишна возраст

Во изминатите 24 часа до 7 часот утринава во тетовскиот ковид-центар во Клиничката болница починале шест лица кои биле на болничко лекување поради Ковид-19.

Бројот на хоспитализирани падна под 100, а има и се помалку прегледи и контроли во амбулантата.

-Од шесте починати пациенти најмладиот е на 53 години, додека најстариот на 82 години. Вкупно се хоспитализирани 91 лице од кои 90 на кислородна поддршка, а еден на неинвензивен респиратор.

Од хоспитализираните само еден е со една доза вакцина, додека сите имаат хронични болести. Во текот на 24 часа имаше шест нови приеми на болничко лекување, а двајца се пуштени дома, изјави д-р Миранда Пајазити.

Во амбулантата на ковид – центарот имало 63 барања за прегледи и контроли на луѓе кои се пожалиле на симптоми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во штипската болница од Ковид-19 почина 35-годишна пациентка од Радовиш и 71-годишен пациент од Делчево

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како делува на здравјето загадувањето на воздухот

Редакција

Привремено по смената на Велковски, БЈБ ќе го води Бесим Деари

Редакција

Нема договор за минималната плата

Редакција