Во текот на 52-ра недела од 2022 година (26.12.2022-01.01.2023 година), во Македонија се пријавени 347 (I=18,9/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 96% повеќе во споредба со претходната недела (n=177), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
-Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 52-ра недела од минатата сезона (n=565) е намален за 38,6%, а во споредба со бројот за 52-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 12 сезони) (n=241), зголемен е за 43,9%.
Во однос на возрасната дистрибуција, 184 лица се на возраст од 15-64 години, 96 кај деца на возраст од 5-14 години, 38 кај деца на возраст од 5-14 години и 29 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.
Највисока инциденца (44,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.
Заболените се пријавени од единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во Гостивар – 57, Битола – 51, Прилеп – 39, Дебар – 37, Куманово – 35, Кавадарци – 29, Скопје – 24, а во Крушево, Тетово, Струмица, Македонски Брод, Штип, Охрид, Кочани, Пробиштип, Кичево и Неготино бројот на пријавени е помал од 20.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се две починати лица асоцирани со грип, од Скопје и Штип, двете од возрасната група од 15-64 години, со регистрирани коморбидитети и невакцинирани со вакцина против сезонски грип, стои во извештајот на ИЈЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
60-годишник од Скопје почина од сезонски грип
Фото: МЗ