еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Од следната година Хрватска го воведува еврото

Хрватските пратеници вчера го одобрија законот со кој се отвора патот за воведување на еврото следната година.

Земјата треба да ја замени хрватската куна со евро на 1 јануари 2023 година.

Пратениците гласаа со 117 „за“ и 13 „против“ за законот за воведување на еврото.

Еден пратеник од 151-члениот парламент беше воздржан, објави Еуроњуз.

Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, велејќи дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните.

Двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалното воведување на еврото.

Економијата на Хрватска зависи од приходите од туризмот во текот на летните месеци. Секоја сезона земјата привлекува стотици илјади европски и други странски туристи.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојко Борисов: Македонците да запрат со историските игри доколку сакаат во ЕУ

Редакција

Српскиот патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

Редакција

Скопјанка предизвикала сообраќаен „карамбол“: Удрила во полициски автомобил, во запрено возило и повредила полицаец

Редакција