еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од задутре намалување на дневната температура за десетина степени

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло преку денот, по што во текот на ноќта кон понеделник под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од
дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден,
особено во јужните делови.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителските објекти ќе работат до 22, а не до 20 часот

Редакција

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд, магла во одделни котлини

Редакција

ЈСП, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ добија нови директори

Редакција