еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната бара изземање на обвинителот Бурим Рустеми од случајот „ТНТ“

Одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, на денешното рочиште побара изземање на јавниот обвинител Бурим Рустеми, под сомнение за пристрасност.

Одбраната смета дека по согласност на обвинителот Рустеми поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева го повлекла обвинителниот акт против Ардијан Амзоски, зет на оштетениот во случајот, Фијат Цановски, за што по повлекувањето на обвинението, фирмата на Амзоски во неколку наврати на сметката на Меѓународен сојуз исплатилa вкупно 850.000 eвра.

Адвокатот Јовица Страшевски, во соопштение до медиумите, го достави барањето за изземање на Рустеми, кое го доставиле до Јавниот обвинител Љуборми Јовески, за кого сметаат дека е надлежен да одлучува.

– На ден 19.10.2017 година пред официјално да се поднесе Поднесокот за повлекување на обвинителен акт од страна на Обвинителката Катица Јанева, а по претходна согласност од обвинителот Бурим Рустеми, Аријан Амзоски му испраќа порака на Бојан Јовановски „СЈО го повлече денес предмето. Благодарам од срце ајде сега раат да почнеме да работиме“.

На ден 20.10.2017 година со намера да ја оствари својата цел без ниту еден дополнителен доказ, без образложение или отпочната главна расправа со изведување на докази, Катица Јанева како СЈО по претходна согласност од обвинителот Бурим Рустеми, кој бил надлежен за овој предмет, го повлекува позитивно оценетиот обвинителен акт ТД „ФИНЕ“ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво за сторено кривично дело бесправно градење, се вели во поднесеното барање за изземање.

Случајот „ТНТ“ се води против поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски и други четири лица, за незаконското уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цанвоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 98 гласа „за“ пратениците го изгласаа составот на собраниските комисии

Редакција

Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април“

Редакција

На Попова Шапка снежна покривка од 21 см

Редакција