СДСМ ги одложи за вечерва закажаните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор поради деновите на жалост и несреќата што се случи во Бугарија во која во македонски автобус изгореа 45 патници, а неколкумина се повредени.
Нема информација кога ќе се одржат овие состаноци, на кои, како што беше најавено, се очекуваше претседателот на партијата Зоран Заев да поднесе оставка на оваа функција и да почне да тече рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев во вторник ќе поднесе оставка во СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.