еМагазин
Image default
Македонија

138 лица до 19 години заболеле со Ковид-19 за една недела

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 25 до 31 јануари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 има кај лица над 60 години.

“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=540, 26,5%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=368; 18,1%), 50-59  (n=365; 17,9%), 30-39 (n=374; 18,4%) и 20-29 (n=251; 12,3%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=41; 2,0%) и 10-19 години (n=97; 4,8%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.029 (50,5%) лица од женски и 1.007 (49,5%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет лица биле на возраст од 40-59 години: За една недела 64 смртни случаи од Ковид-19

Зголемување од 17,9%: За една недела нови 2.036 случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се води истрага за екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев

Редакција

Завршни зборови на одбраната за случајот „Монструм“

Редакција

Регистрирани нови 25 случаи со корона вирусот, 14 од нив во Скопје

Редакција