еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемување од 17,9%: За една недела нови 2.036 случаи на Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 25 до 31 јануари покажуваат дека за една недела бројот на заболени со Ковид-19 во Македонија се зголемил за 17,9%.

„Тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 9 до 18%, просечно 14%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000.

Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

138 лица до 19 години заболеле со Ковид-19 за една недела

Девет лица биле на возраст од 40-59 години: За една недела 64 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мазутот поевтинува, цената на горивата останува иста

Редакција

Дескоска очекува Унгарија да ги почитува европските конвенции за екстрадицијата на Груевски

Редакција

Професорката Билјана Ванковска е претседателски кандидат на Левица

Редакција