еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мазутот поевтинува, цената на горивата останува иста

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,478 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 43,046 денари за килограм.

„Еуросупер БС – 95“ и понатаму ќе се продава за 88,5 денари за литар, „Еуросупер БС – 98“ за 90,5, дизелот за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,64 отсто, кај дизелот за 1,75, кај екстра лесното за 1,745 и кај мазутот за 4,114 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот е понизок за 0,112 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатиот маж од коронавирусот во Кавадарци е странски државјанин

Редакција

Неуспешен и денешниот обид за евакуација на цивили од Мариупол во Украина

Редакција

Дигиталните ковид-сертификати во ЕУ остануваат на сила уште една година

Редакција