еМагазин
Image default
Македонија

Одложено рочиштето за „организаторите на 27 април“

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието што требаше да се одржи денеска е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април 2017 год. кои се случија во Собранието на РСМ, ја информираме јавноста дека денешната расправа се одлага со оглед да е насроечна расправа за предметот К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци, каде постапува ист судија – член на судечки совет, се наведува во соопштението објавено на веб страната на Судот.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска го демантира Османи, има извештај за злоупотреба на возила на МНР

Редакција

Гласањето за референдумот заврши, затворени избирачките места

Редакција

Рангелова си поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција