еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска го демантира Османи, има извештај за злоупотреба на возила на МНР

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), го демантира министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој на 20 јануари изјави дека возила на МНР не се користеле во партиски цели.

ДКСК на 18 јануари објави дека Османи и министерот животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, користат службени возила за партиски цели.

“Државната комисија за спречување на корупцијата, своите наводи ги темели на издадениот Конечен Извештај од извршената ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во Министерството за надворешни работи од 01.08 до 31.10.2021 година (во изборен процес), со број 58-13627/22-1 од 29.04.2022 година, доставен до ДКСК на ден 03.05.2022 година.

Во Извршното резиме до министерот, наведени се состојби кои укажуваат дека: нема определено надлежно лице за водење евиденција на возилата и опремата и нивно сервисирање, регистрирање и осигурување, не се води евиденција кое лице управува со кое службено возило, ниту се прават патни налози со внесување податоци за поминати километри, одредени корисници на службени возила немаат обезбедено и доставени уредни и веродостојни сметководствени документи до сектор за финансиски прашања, не е воспоставен систем за контрола на користењето и потрошувачката на гориво на службените возила.

Ова е во спротивност на тврдењето на министерот дека нема таков извештај од „некој“ внатрешен ревизор и дека ДКСК погрешно ги интерпретира наводите. Имајќи ги во предвид наводите од Извештајот, Државната комисија ја донесе предметната Одлука број 12-.436/1 23.01.2023“, велат од ДКСК.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И покрај високиот процент на вакцинирани, во Израел повторно е задолжително носење заштитни маски во затворен простор на јавни места

Редакција

„Да не го донесе Владава Фејсбук и Инстаграм во Македонија што не работат?!„: Твитер реакции

Редакција

23,7% од заразените со Ковид-19 во Македонија немале симптоми

Редакција