еМагазин
Image default
Македонија

Одложено судењето за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 се уште во болница по операцијата

Главната расправа по предметот познат како „Меѓународен сојуз“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд во Скопје е одложена поради тоа што еден од обвинетите е се уште во болница откако врз него бил извршен оперативен зафат. Станува збор за Бојан Јовановски – Боки 13, кој имаше опрација на желудникот.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа по предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, ја информираме јавноста дека главната расправа насрочена за денеска (24.09.2020 година) се одлага со оглед да еден од обвинетите сеуште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат“, соопштуваат од Кривичниот суд Скопје.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје на 12 мај го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по што беше формиран и предмет за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 бил итно опериран во градската болница по воспаление на желудникот

Боки 13 имал дупка во желудник, ако не бил опериран ќе настанела сепса, вели неговиот адвокат

МИА/Фото:Фејсбук/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните кои се сликале во МРТВ или Пролет, за готови пасоши ќе добијат СМС пораки

Редакција

Кој е Наќе Чулев, новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

Редакција

Сеад Кочан доби затворска казна од 6 години, „Трансмет“ и „Силекс неметали“ да платат 2 милиони денари

Редакција