еМагазин
Image default
Македонија

Одложено судењето за „Шпански скали“, Јанакиески во самоизолација

Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 февруари поради отсуство на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е позитивен на Ковид-19.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски, на 7 февруари бранителот на Јанакиевски поднел барање за одлагање на закажаното рочиште, бидејќи тој е позитивен на Ковид-19 и приложил решение за самоизолација од 3 февруари.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски ми спомна дека купил земјиште на Водно, рече Протуѓер на денешното судење за „Плацеви на Водно“

Редакција

Останати 4.900 обрасци, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош, вели Чулев

Редакција

Предлог преговарачката рамка, без Протоколот, стаса во Собранието, седница се уште не е закажана

Редакција