еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одлука на Влада: Администрацијата ќе работи во смени, онлајн или со ротации

Н денешната владина седницата е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести, целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

„На оваа седница Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината“, се наведува во соопштението.

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобрила и Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со Ковид-19.

„На денешната седница Владата го утврди Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на Република Северна Македонија или со средства од Европската Унија, односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот Ковид-19“, се наведува во соопштението.

На владината седница е утврден и новиот текст на Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и согласно член 170 од Деловникот на Собранието, ќе го достави до пратениците на усвојување.

„Овие дополнувања се со цел да обезбедат стабилни приходи и да се олесни работењето на општините во време на Ковид-19 за 2021 година, кои се дел од Пакетот 4 на Владата на Северна Македонија“, информира владината Прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи: Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, се ограничува капацитетот во јавниот превоз

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хашим Тачи обвинет за воени злосторства: Жртви Албанци, Срби и Роми

Редакција

Ќамил Ковачи нов директор на ЈП Улици и патишта Скопје

Редакција

За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик за работење во безбедносните служби

Редакција