еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Одземен пасошот на момчето што ја прегази Верица на пешачки премин во Струмица

На осумнаесетгодишното момче кое што ја прегази Верица Белчовска, девојката чии органи подоцна беа донирани и трансплантирани, му е одземен пасошот како мерка за претпазливост дека нема да ја напушти државата, објави „Слободен печат“.

Откако ја прегазил Верица на пешачкиот премин со „нисан“, возачот го напуштил местото на несреќата, но подоцна се пријавил во полиција и го признал делото.

„До несреќата дошло кога автомобил „нисан“ удрил во пешак кој преминувал на пешачки премин, по што возачот го напуштил местото на несреќата.

Јавниот обвинител веднаш по несреќата издаде наредба за обезбедување на сите докази и траги на лице место и даде насоки за откривање на сторителот. Подоцна истиот ден, возачот на автомобилот, на возраст од 18 години, самиот се пријавил во полициска станица.

Против него е поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од кривичниот законик.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Струмица за осомничениот определи мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и тој веќе даде свој исказ пред јавниот обвинител во кој не негира дека го сторил делото”, информираат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Срце и два бубрези од починатата девојка беа трансплантирани на тројца пациенти, а беше најавено дека од трагично загинатата девојка ќе биде трансплантирана и коскена срцевина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отец Пимен: Мој непознат пријателе што за вечниот покој на донорот праша, те уверувам ќе почива во мир Верче и ќе пребива во рајот

Државата треба да го реши и станбеното прашање на фамилијата Белчовски, која ги донираше органите на трагично загинатата Верица

Да помогнеме на хуманото семејство Белчовски, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица

Фото: Фејсбук/Белчовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Променливото време ги полни здравствените амбуланти

Редакција

Комисијата за уставни прашања го прифати предлогот за уставни измени, собраниската седница на 18. август

Редакција

Тензиите во ДУИ продолжуваат: Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието

Редакција