еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Официјално: Границата со Грција останува затворена најмалку до 15 септември

Грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство.

Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Северна Македонија и Албанија истекува на 31 август, а ќе се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15 септември.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, најави дека ќе има продолжување на голем дел од мерките што се во сила, меѓу кои и оние што се однесуваат на копнените граници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

61-годишен гевгеличанец обљубил малолетник

Редакција

„Пуцко петрол“ најмногу во ќар од неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Редакција

(ВИДЕО) На партиските лидери пред да влезат кај Пендаровски им мереа температура

Редакција