еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Оформен предмет за злоупотребените фотографии на малолетните девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетните девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци.

Од Обвинителството за МИА информираа дека ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска доставило известување против непознати лица.

– ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторителите, се вели во писмениот одговор од Обвинителството за МИА.

Настанот со злоупотребени фотографии на малолетните девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци се случил надвор од училиштето, потврдија околу средината на месецов од Државниот просветен инспекторат (ДПИ).

– Според информациите кои ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, се вели во писмениот одговор од ДПИ.

МИА на 13. октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, дека злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Тогаш побаравме одговор за ова од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

– Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки.

Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, одговори тогаш Ѓаковска.

Родител на едно од девојчињата, за МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од Фејсбук на повеќе девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирање со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни чатови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски склучил и други набавки во сомнителни постапки

Редакција

Преговорите за влез на Алијансата за Албанците во Владата во завршна фаза

Редакција

Сиднеј под двонеделен клуч поради индискиот сој на Ковид-19

Редакција