еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО, а остануваат и препораките за негова заштита

Во Ријад, Саудиска Арабија, во рамки на 45. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО е донесена одлука дека Охридскиот регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на Листата на светско наследство, информираа од Министерството за култура.

Во македонската делегација во Ријад се министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, како и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов.

Костадиновска-Стојчевска вели дека од нашата натамошна засилена соработка со Албанија ќе зависи имплементацијата на посочените мерки за рехабилитација на регионот и дека остануваат добар дел од препораките на реактивните мониторинг мисии и на советодавните мисии што треба заеднички да ги сработат двете страни.

-Останува престижниот статус, но остануваат и препораките за негово зачувување. Препораките не се лесни и нивното реализирање бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – и централната власт и локалната самоуправа и установите и граѓаните. Впрочем, обврските се точно адресирани.

Многу работи од препораките ги имаме почнато, но останува нивната целосна реализација. Треба постојано да го имаме предвид фактот дека нашето непостапување по препораките ќе биде причина за впишување на Охридскиот регион на листата на Светско наследство во опасност, вели Костадиновска-Стојчевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со утринска магла во котлините, попладне засилен ветер

Редакција

Зоран Заев наполни 44 години: Неговиот роденден вест и во Грција

Редакција

Голема чест: Македонската судиска двојка Начевски и Николов ќе го суди финалето на Светското првенство во ракомет

Редакција