еМагазин
Image default
Бизнис

ОИЛКО со добивка од 5,3 милиони денари

Во првите шест месеци од годината ОИЛКО КДА Скопје оствари вкупни приходи во висина од 178,1 милиони денари и вкупни расходи од 172,8 милиони денари при што оствари добивка пред оданочување од 5,3 милиони денари, соопштија од компанијата преку Македонската берза.

„Друштвото прикажа добивка по оданочување во висина од 4,4 милиони денари, за разлика од минатата година кога во истиот период Друштвото оствари добивка од 13,0 милиони денари.

Ваквиот резултат се должи на: стагнирање на оперативните приходи во услови на зголемување на приходи од продажба на домашен и намалување на приходи од продажба на странски пазар; зголемени оперативни расходи највеќе поради зголемената амортизација на возниот парк како резултат на процесот на зановување на истиот; зголемени количества на превезени нафтени деривати со вагон цистерни коишто се дадени под закуп со фиксен износ.

Во изминатите години ваквиот транспорт се одвиваше во помал обем поради честите штрајкови на железниците како и поради честите санациии на определени делници на пругата.

Зголемениот железнички транспорт од страна на закупецот, резултираше со намалување на користење на капацитетите на авто цистерните на Друштвото коишто остваруваат приход пресметан по цена за секој литар или килограм превезен нафтен дериват; зголемена цената на дизел нафтениот дериват како погонско гориво на возниот парк на Друштвото“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М лани работеле со добивка, а Телма со загуба

Редакција

Поради замрзнатите цени и зголемените трошоци за струја, Пекабеско во првите три месеци од годинава со намалена добивка

Редакција

„Енерџи деливери солушнс“ го доби тендерот на Клиниката за гинекологија за набавка на струја вреден 195.000 евра

Редакција