ОКТА АД Скопје преку Македонската берза информира дека во првите шест месеци од годината работела со загуба.
“И покрај надминувањето на очекуваните резултати во текот на вториот квартал од 2020 година, што до одреден степен имаше закрепнувачки ефект, добивката пред оданочување во првата половина од 2020 година, сè уште е на негативно ниво од 227 милиони денари, како последица на негативното влијание од големиот пад на меѓународните цени на горивото, што доведе до штета на вредноста на залихите на ОКТА во износ од 171.3 милиони денари и негативен ефект на залихите во износ од 175.3 милиони денари“, информира компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тендер вреден седум милиони евра: „Окта“ и „Супертрејд“ ќе ги „полнат“ нафтените резерви со дизел
Избран новиот Одбор на директори на „Окта“: Кои се членовите?