еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ОН: Над 338.000 Палестинци принудени да ги напуштат домовите во Газа

Повеќе од 338.000 лица се принудени да ги напуштат своите домови во Појасот Газа, што е под опсада и гранатирање на израелската армија, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, цитирана од француските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сателитски снимки покажуваат колку е уништена Газа по нападите од Израел

-Бројот на раселени лица во оваа густо населена област до синоќа се зголеми за уште 75.000 луѓе, достигнувајќи 338.934 лица, се наведува во денешното соопштение на канцеларијата на ОН.

Израелската војска продолжува да го бомбардира Појасот Газа како одговор на координираните напади на исламистичката група Хамас. Израелските одбранбени сили (ИДФ) на каналот Телеграм објавија дека е во тек голем напад врз цели поврзани со Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брачен пар од Македонија заглавен во Газа, се прават напори да се вратат преку Египет

-Копнената офанзива во Газа ќе почне кога тоа ќе биде соодветно и ќе ги исполни нашите цели, кажа портпаролот на ИДФ, Јонатан Конрикус, на својот редовен дневен брифинг, пренесен на мрежата Х. Тој изрази надеж дека денеска ќе биде помирно и додаде: „Ни претстои долг и многу, многу опасен пат“.

-Целта на израелската војска е да стигне до мрежата од тунели и бункери на Хамас под густо населениот Појас Газа, рече Конрикус.

Рано утринава, бројот на загинати во Газа се зголеми на 1.200, откако 51 лице загина во израелски напад пред зори, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесено од американските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

МИА/Фото: Ираелско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медицинската сестра немала намера да го повреди бебето на Детска клиника, утврдила Комисијата

Редакција

(Видео) Тимот на клиниката „Жан Митрев“ успешно изведе сложена операција кај 21-месечно девојче со срцева мана

Редакција

(Фото) На брегот на Охридското Езеро спречен меѓународен транспорт на дрога вредна 250.000 евра

Редакција