еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) На брегот на Охридското Езеро спречен меѓународен транспорт на дрога вредна 250.000 евра

Припадници на Министерството за внатрешни работи синоќа спречија меѓународен транспорт на дрога во вредност од околу 250.000 евра.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, во координација со Основното јавно обвинителство Струга, вчера во вечерните часови, на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина не месноста Сатеска кај Струга, на брегот на езерото, лишија од слобода две лица, во чија непосредна близина се пронајдени четири торби со марихуана во вкупна тежина од околу 80 килограми, во вредност од околу 250 илјади евра.

По извршениот увид на лице место од страна на увидна екипа, додава МВР, пронајдената дрога е подигната за вештачење, а по насоки на Основното јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поделба во ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го каже ли Никола Груевски својот став за референдумот?

Редакција

Топлотен удар: Кои се симптомите и што треба да направите

Редакција

МВР со детали за давеникот во Охридско Езеро: Пијан влегол во вода со другарите, по што се удавил

Редакција