еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ОН: Речиси 8 милиони лица ја напуштија Украина, убиени над 7 илјади цивили

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, објави дека речиси осум милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната пред речиси една година, јави ДПА.

„Речиси осум милиони луѓе ја напуштија Украина во соседните земји, а уште 5,3 милиони луѓе се внатрешно раселени“, изјави Грифитс пред Советот за безбедност на ОН.

Тој додаде дека 17,6 милиони луѓе, односно речиси 40 отсто од населението на Украина, имаат потреба од хуманитарна помош.

Грифитс рече дека има намера да го претстави овогодинешниот план за хуманитарен одговор за Украина, за кој се потребни околу 3,9 милијарди долари, подоцна овој месец во Женева. Тој објави дека нема индикации за скорашен крај на војната.

Според официјалните податоци на ОН, повеќе од 7.000 цивили се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина.

„Вистинскиот број на загинати е секако поголем“, рече Грифитс.

Според информациите на Агенцијата за бегалци на ОН, војната го предизвикала најголемиот бегалски бран од крајот на Втората светска војна, посочува ДПА.

МИА/Фото: Украинско министерство за надворешни работи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев за еден месеци, два пати позитивен на Ковид-19: Oдложено рочиштето за „Плацови на Водно“

Редакција

ДИК: До 13 часот излезноста 20,73 отсто, гласањето без неправилности

Редакција

72 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Редакција