еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта на „Get EXITed“ во Струмица, влезот слободен

На второто издание на „Get EXITed“ настанот во Градскиот парк во Струмица на 7. септември пристигнуваат возбудливи светски и регионални имиња, информираат организаторите.

На овој спектакл на Егзит, кој минатата година го посетија повеќе од 20.000 луѓе, ќе настапи и мега-ѕвездата – продуцент, пејач, текстописец и диџеј Џон Њуман, кој со години суверено ја носи титулата поп и соул ѕвезда.

Во Струмица пристигнува и творецот на најголемите светски хитови Бурак Јетер, кој на овогодишниот фестивал Егзит со спектакуларен настап до утро ги држеше десетиците илјади разиграни фанови пред главната бина Горки Лист.

Тие ѝ се придружуваат на неповторливата Констракта, а дополнително ќе бидат објавени и останатите музички ѕвезди коишто ќе настапат на овој музички спектакл, велат организаторите.

Струмичкиот „Get EXITed“ го организира Егзит тимот во соработка со Општина Струмица, влезот на овој голем настан е слободен, додека за заинтересираните посетители кои имаат желба за ВИП секција, на овој линк има повеќе информации и детали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До средината на 2022 година може да се очекува крај на пандемијата, вели шефот на Бионтек

Редакција

Обвинителство проверува дали постои поврзаност помеѓу убиството на Туша и пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир

Редакција

(Фото) Сопругата на Пендаровски подготвуваше храна за бездомници и социјално загрозени лица

Редакција