еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Онлјан работилница на RIS-ALICE проектот поддржан од ЕУ: Преку циркуларна економија до поголема декарбонизација во индустријата

Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје, во партнерство со Националниот институтот за градежништво на Словенија (ZAG) и Заводот за геолошки истражувања на Словенија (GEoZS) денес организира интернационална on-line работилница на тема „Регистер за секундарни минерални суровини за производство на клинкер/цементи со ниска емисија на CO2“.

Работилницата е во рамки на RIS-ALICE проектот: Al – богати индустриски остатоци за добивање на минерални врзива во регионот на Источна и Југоисточна Европа, поддржан од Европскиот Институт за Технологии и Иновации (Суровини) – EIT Raw Materials, чија цел е пронаоѓање и мапирање на алтернативни суровини, кои од една страна го заменуваат користењето на природните суровини во производството, а од друга страна го намалуваат штетното влијание на депонираните индустриските минерални остатоци.

Конечната цел е намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата, заштеда на енергија  и добивање на нови клинкери/врзивни материјали.

На Работилницата ќе биде презентиран Регистарот на секундарни минерални суровини за производство на клинкери/цементи со ниска емисија на СО2 во воздухот што ќе претставува значаен придонес кон решавањето на предизвиците од климатските промени.

Воведното излагање го има проф. Емилија Фиданчевски од Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а учествуваат и експерти, претставници на европски институции и на индустријата од Швајцарија, Белгија, Франција, Израел, Грција и Словенија.

Одржувањето на овој значаен експертски настан е со поддршка на Цементарница УСЈЕ, која е партнер во RIS-ALICE проектот и еден од промоторите на цементи со ниска емисија на СО2.

Работилницата предизвика голем интерес кај научни институции и индустријата од 18 земји во Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Редакција

Убава вест: Општина Центар ќе дава субвенции од 1,5 денари за секое рециклирано шише

Редакција

(Видео) Лизгање на земјиштето му се заканува на Водно, поради градежната узурпација

Редакција