еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Опфатот со вакцинација против Ковид-19 во Македонија е 46%

Опфатот со вакцинација против Ковид-19 е 46 отсто. Со поранешните бројки опфатот беше над 43 отсто. Тоа не значи многу, многу е битно да знаеме дека имаме сосема доволен број вакцини и ги имаме на располагање за секој граѓанин кој е заинтересиран за вакцинација, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

За жал, посочи министерот, интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани, што е позитивна вест.

– Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик од коронавирусот, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница Куманово по повод реализираниот проект за гасификација на оваа јавна здравствена установа.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаме намера да ги одвоиме Македонија и Албанија во преговорите, вели шефот на ЕУ-дипломатијата Борел

Редакција

Немало никаков предлог за конзул во Њујорк на затворена седница, тврди Груби

Редакција

МНР: Вратени 118 македонски граѓани од Малта, се организира и враќање од Хрватска

Редакција