еМагазин
Image default
Локално

Опожарена куќа во населба Драчево: Пожарникарите до зори се бореле со оганот

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје ноќеска интервенирала на пожар кој избувнал во куќа лепенка на улицата „Стари Новаќиња“ во населбата Драчево.

Опожарени биле околу 40 квадратни метри, а е причинета материјална штета од еден милион денари.

Пожарот бил пријавен во 02.05 часот, а гаснењето траело до 04:05 часот. На терен биле испратени 13 пожарникари со пет противпожарни возила.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица малолетни ученици фрлиле нивна соученичка низ прозор од школо во Аеродром

Редакција

Ја тепал сопругата и ја повредил ќерката

Редакција

Водата во Гостивар конечно е безбедна за пиење

Редакција