еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Опозиционерот Киличдароглу пред Ердоган: Предизборни анкети во Турција

Новите предизборни анкети во Турција покажуваат дека кандидатот за претседател од опозицијата Кемал Киличдароглу води со 10 процентни поени пред претседателот Реџеп Таип Ердоган во пресрет на изборите закажани за 14 мај.

Анкетите, исто така, покажуваат дека опозицискиот блок, познат како Национална алијанса, води и во трката за Парламент со најмалку шест процентни поени пред Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и сојузниците.

Прокурдската Народна демократска партија (ХДП), според сегашната ситуација, има сигурно над десет проценти.

Анкетата објавена од „Аксој рисрч“ покажа дека Киличдароглу е пред Ердоган со 55,6 отсто од гласовите, наспроти актуелниот претседател кој има 44,4 отсто..

Ердоган се соочува со најтешкиот предизвик досега во неговото 20-годишно владеење, бидејќи неговата популарност паѓа поради зголемените трошоци за живот.

Се поставува и прашањето како ќе гласаат преживеаните од земјотресите што ги погодија провинциите лојални на Ердоган.

Изборите не само што ќе одлучат кој ќе ја води Турција, туку и како ќе ја води, каде ќе се насочи економијата и каква улога ќе продолжи да има Анкара во војната во Украина.

Киличдароглу за кандидат го избра опозицискиот сојуз од шест партии. Тој е претседател на Републиканската народна партија (ЦХП) од 2010 година.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 13 оздравени болни од Ковид-19

Редакција

(Фото) Маричиќ, Тренчевска, Костадиновска Стојчевска на Парадата на гордоста во Скопје

Редакција

Седницата на која се расправа за „францускиот предлог“, ќе продолжи утре

Редакција