еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Општина Карпош објави оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди

Општина Карпош го објави јавниот оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општината.

-Акцијата започнува од денеска и ќе бидат доделени субвенции на граѓани кои ќе купат нов велосипед, не порано од денеска (07.05.2021).

Субвенцијата подразбира покривање на дел од трошоците, во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3.000 денари, стои во соопштението.

За оваа намена, општината издвоила финансиски средства од својот буџет во висина од 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот – „прв дојден, прв услужен“.

-Заинтересираните физички лица при аплицирање за субвенции за велосипеди, треба да ги достават следните документи: барање за субвенција за нов велосипед, фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од петок (07.05.2021), изјава за согласност за обработка на лични податоци.

Жителите кои веќе оствариле право на субвенција за велосипед и за тоа добиле средства од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот, информраат од општината.

Аплицирањето ќе се врши преку пополнување на бараните документи, преку архивата на општина Карпош. Од понеделник (10.05.2021) аплицирањето ќе може да се врши и по електронски пат, преку мобилната апликација „мЗаедница“ (достапна за IOS и Android), како и на веб страната www.m-zaednica.mk.

Фото: Инстаграм/Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската берза ги објави Упатствата за еколошко општествени и управувачки аспекти, поддржана од ЕБОР

Редакција

Владата тврди дека годинава бројот на загадени денови е помал од претходните години

Редакција

(Видео) Ќе го следи ли Скопје примерот на Њу Делхи: Бар продава кислород за спас од загадувањето

Редакција