еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Општина Штип: Поради кочење од Владата, пропадна обидот да се обезбедат пари преку обврзница

Пропадна обидот на Општина Штип до крајот на годината да се обезбедат средства од општинската обврзница.

Во денешното соопштението на градоначалникот на Општина Штип се вели дека жали што граѓаните на Штип повторно се жртви на политиканството на Владата.

-Напорите на општината да обезбеди средства за изградба на обиколница, булевар Партизанска, затворен пазар и да обезбеди заштеди на електричната енергија, паднаа во вода, откако Владата без никаква наведена причина и надлежност не дозволи издавање на првата општинска обврзница во Македонија, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.

Во него се посочува дека Општина Штип после 20 години го врати долгот кон Министерство за финансии, успеа за неполн месец да ги обезбеди сите документи и да создаде предуслови да биде пионер во издавањето на обврзница.

– Сепак Владата не дозволи граѓаните на нашиот град да имаат развојни проекти и да добијат капитални инвестиции. Ова е уште еден доказ дека Владата ги кочи развојните проекти на новата локална власт сакајќи истата да не биде успешна, а со тоа директно ги казнува граѓаните на Штип, пишува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Штип ќе ја издаде првата општинска обврзница на домашниот пазар на капитал

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувале од Италија со 40 патници во автобус: Сопружници од Дебар новозаразени со коранавирусот

Редакција

ТЕЦ Осломеј не произведува струја, превентивно исклучен

Редакција

По сведочењето на Верушевски: Сите очи вперени во советникот на премиерот Зоран Заев

Редакција