еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ѓорѓиев пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста, велат од Влада

Владата во ниту еден момент ниту се мешала, ниту имала било какво политичко влијание во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, напротив, секогаш ја поддржувала нивната работа, како научници кои сами, заеднички двете страни, ги утврдија своите принципи на работа, се вели во реакцијата по повод оставката на членот Ванчо Ѓорѓиев.

„Категорично отфрламе било каква инсинуација дека имало било какво влијание на одлуката на професорот Ванчо Ѓорѓиев да го прекине својот ангажман како член на Комисијата од страна на Владата или било која нејзина институција.

Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на Комисијата, секој член на нашиот дел од Комисијата има право да донесе одлука во врска со понатамошното учество.

Во случајот за професорот Ванчо Ѓорѓиев ја информираме јавноста дека само пред една недела професорот Ѓоргиев го потпиша со слободна волја договорот за продолжување на неговиот ангажман како член на Комисијата.

Сметаме дека со тонот, инсинуациите и тајмингот избран да се пласираат невистини, професорот Ванчо Ѓорѓиев, си дозволи да го искомпромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста и работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија.

Со ова соопштение укажуваме на овие непобитни факти, ја почитуваме неговата одлука и се заблагодаруваме за неговиот досегашен ангажман,“ се вели во реакцијата на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка од заедничката Комисија со Бугарија, ги повика и другите членови да не си ја „виткаат кичмата“

Османи тврди дека МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките на историската Комисија со Бугарија

Во македонскиот дел од заедничката Комисија со Бугарија изненадени од оставката на Ѓорѓиев, велат немало притисок од МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија со поголем удел од Македонски Телеком во вкупниот број претплатници на мобилна телефонија

Редакција

До сега попишани 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови

Редакција

Претседателката на Судскиот совет, Црвенковска поднесе оставка, против неа биле судско-бизнис елита и новинарите

Редакција