еМагазин
Image default
Свет

Џорџ Сорос и други милијардери бараат данок на богатство во САД

Некои од најбогатите луѓе во САД бараат данок на богатство (данок на имот).

Меѓу нив се и милијардерот Џорџ Сорос, наследничките Реган Прецкер и Абигал Дизни, како и ко-основачот на „Фејсбук“, Крис Хјуз.

Според нив, новиот данок ќе помогне во решавањето на огромните разлики меѓу богатите и сиромашните, ќе се соберат средства за борба против климатските промени и друго.

Писмото е насочено кон сите кандидати за претседател на изборите во 2020 година.

Милијардерите повикуваат на „умерен” данок на богатството на најбогатите 75.000 семејства во земјата – или 10 отсто од најбогатиот 1 процент.

Некои од кандидатите на демократите за шеф на државата веќе предложија сличен данок.

Сенаторката Елизабет Ворен, која ја поддржува идејата, предлага оданочување со 2 отсто на сите средства над 50 милиони или повеќе, како и со 1 процент кога богатството е над една милијарда. Се очекува ова да генерира дополнителни приходи за државната каса од речиси три билиони долари во следните 10 години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските сили почнаа со гранатирање на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол

Редакција

(Видео) 21 годишен американски војник објави доверливи информации за улогата на САД во војната во Украина, ФБИ го уапси

Редакција

Турција почна офанзива „Пролетен штит“ како одмазда за загинатите 33 војници во Идлиб

Редакција