еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот

Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи го ставот на новиот бугарски премиер Кирил Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот премиер Петков за „Фајненшел тајмс“ најавува дека спорот со Македонија ќе го решел за 6 месеци

Тој посочува дека одлуките за проширување на ЕУ се носат со консензус меѓу членките, како и дека нашата позиција е принципиелна и многу земји од Унијата ја поддржуваат.

– Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период нас не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Таквиот пристап требаше да биде одамна.

Првата меѓувладина конференција не е ништо поразлична од останатите. Немаше потреба целиот регион да се држи во заложништво, рече Османи во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

„Фајненшл тајмс“ вчера објави дека новиот бугарски премиер Кирил Петков дава сигнали оти Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, ​​откако неговата Влада ќе стапи на должност.

– Ние сме сто проценти за политиката на НАТО и ЕУ. Ќе предложиме нов пристап за Северна Македонија и тоа треба да се направи брзо, за краток временски период, не повеќе од шест месеци, изјави Петков во интервју за „Фајненшел тајмс“ дадено во понеделникот пред гласањето во бугарскиот Парламент за новата Влада, јави дописникот на МИА од Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Совет на ЕУ: Ни преговори, ни датум за Македонија додека не се повлече бугарското вето

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Состојбата на Џафери e стабилна не е позитивен на корона вирусот, конститутивната седница ќе биде закажани во уставниот рок

Редакција

„Ако мене ме гонеа, и Вас ќе ве гонат“: Значението на Велик Петок-најтешкиот и најтажниот ден, поради Христовите страдања

Редакција

Јовески: И Јанева и Стефанова ќе бидат повикани за „Рекет“

Редакција