еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Пендаровски шест месеци се премногу за решавање на спорот со Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски, кој денеска беше во посета на Приштина, во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, изјави дека му е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој вели дека историјата не треба да биде единствен канал на кoмуникација меѓу двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот премиер Петков за „Фајненшел тајмс“ најавува дека спорот со Македонија ќе го решел за 6 месеци

– Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер, кој заговара историјата да не биде единствениот канал преку кој ние како две соседни држави комуницираме. Разговараме за инфраструктура, разговараме за енергетско поврзување, разговараме за економија и за трговска размена, разговараме за европски интеграции, разговараме за човекови слободи и права, разговараме за пандемијата.

Меѓутоа, секако не да разговараме за тоа што се случило пред три или пет века. Тоа е модерен пристап кој го поддржувам, се разбира не го поддржувам временскиот рок, бидејќи беше најавен за шест месеци, мислам дека проблемот меѓу нас може да се реши за многу покус временски период, истакна Пендаровски.

Претседателот, на заедничката прес-конференција со претседателката на Косово, Вјоса Османи, исто така оцени дека доколку се одолговлечи решавањето на прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија, тоа не би се одразило на состојбата на дестабилизација на државата.

– Ако извесен период понатаму во иднина не добиеме датум за преговори и ако евентуално спорот со Бугарија не биде решен и останеме во ситуација во која ќе чекаме во чекалната на ЕУ подолг временски период, јас не верувам во таков развој на настаните, меѓутоа ако тоа се случи ве уверувам дека ниту денес има такви податоци, ниту утре може да дојдат такви податоци кои ќе укажуваат на безбедносна дестабилизација на Република Северна Македонија, изјави Пендаровски во одговор на новинарско прашање дали продолжувањето на рокот за старт на преговори може да значи дестабилизација на регионот и на земјава.

Пендаровски потсети дека земјава се соочи со слична ситуација кога бевме одбиени од членството во НАТО во 2008 година поради проблемот тогаш со Грција.

– Десет години потоа, во 2018 го решивме проблемот. Во тие десет години не се случи никаква безбедносна дестабилизација на државата. Значи, не знам од каде се тие оценки и на што се базираат, меѓутоа она што јас го знам, а би требало да го знам како претседател на државата во тој дел нема никаква најава дека ако чекаме подолго со нерешен спор со Бугарија или чекаме подолго да ги почнеме преговорите со ЕУ дека ќе дојде до каква била и од кого било иницирана внатрешна или од надвор дестабилизација на земјата.

Значи, од тој аспект граѓаните на нашата земја може да бидат спокојни, заклучи Пендаровски на прес-конференцијата со Османи во Приштина. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот

Совет на ЕУ: Ни преговори, ни датум за Македонија додека не се повлече бугарското вето

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите низ државата се лекуваат 99 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Досега самопопишани 177.875 лица од дијаспората, најмногу од Швајцарија

Редакција

Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузното Ауди вредно 67 илјади евра

Редакција