еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи прогнозира дека уставните измени ќе се донесат до следното лето

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е оптимист дека уставните измени ќе бидат донесени и дека првичната цел на Владата и била до ноември, но дека реалниот рок е последниот ден од мандатот на овој Парламент.

-Јас сум оптимист дека ќе биде. Се разбира првична цел ни е до ноември, бидејќи тогаш има еден административен календар заради скринингот, меѓутоа реалниот рок е последниот ден односно мандатот на овој Парламент, значи до наредните избори. И до последниот ден ние ќе работиме да обезбедиме поддршка, сметајќи дека нема аргументи против.

Мислам дека оваа прва битка ние ја добивме. Како предлагачи ја добивме затоа што не видовме отпор од експерстката јавност, од која било јавност во однос на содржината на уставните измени. Да излезе некој и да каже чекајте ова е опасно поради тоа што икс, ипсилон работи ќе се случат…, рече Османи во интервју за Сител.

Следните редовни парламентарни избори во земјава треба да се одржат следното лето или пролет.

Според Османи, аргументи против уставните измени нема и ова е, пред се, калкулација за наредните избори во опозициската партија (ВМРО-ДПМНЕ).

-Вие мислите дека они не знаат дека ова е добро, рече Османи негирајќи дека ДУИ исто така прават калкулации со изборите, бидејќи поднеле оставки за овој процес.

Во однос на тоа дали потребата за носење на уставните измени ќе биде донесена на седницата што ќе започне на 18 август, Османи вели дека сега се е во рацете на претседателот на Парламентот.

-Сепак се е во рацете на спикерот и он ќе одлучи врз основа на Деловникот и координациите што ги прави со пратеничките групи. Врз основа на тоа што тој го кажа е дека откако ќе се исцрпи расправата ќе почека за гласање со цел да се разговара со политичките партии, изјави министерот за надворешни работи.

Запрашан за посетата на косовскиот премир Албин Курти, кој ќе има средба со претставници на албанската опозиција, Османи рече дека за тоа нема официјална информација.

-Ние немаме официјална информација дека тој ќе дојде. Гледаме по социјалните мрежи дека има некоја партиска комуникација, така што навистина немам информации, рече Османи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подзаборавено интервју: Киро Глигоров за спорот за името

Редакција

Бебето заразено со морбили пуштено дома, Комисијата за заразни болести со сет мерки за превенција

Редакција

Поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите и обвинител, одложено судењето за „Таргет-Тврдина“

Редакција