Грчките медиуми објавија дека осомничениот за железничката несреќа во Грција, шефот на железничката станица во Лариса, во чија близина се случи трагедијата, на оваа позиција дошол откако завршил тримесечен курс, а претходно работел во Министерството за образование.
Тој на оваа функција стапил 40 дена пред несреќата, а медиумите за него пишуваат дека направил најмалку две фатални грешки кои довеле до трагедијата, a тој признал дека погрешил.
Големата несреќа на виделина ги извади сите недостатоци на железничката инфраструктура во Грција, на кои подолго време предупредувале од секторскиот синдикат, од каде посочувале и за недостигот на мерки за заштита на работното место и за безбедноста на сообраќајот на возовите.
Грчките експерти го критикуваат и недостигот на електронски системи и на персонал.
Грчките медиуми објавија и дека Европската комисија ја пријавила Грција до Европскиот суд на правдата поради непочитување на обврските што произлегуваат од Директивата за железничка инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Твитер