еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Осумдесет и седумгодишен скопјанец го убил својот 59-годишен син

Осумдесет и седумгодишен скопјанец вчера со огнено оружје го убил својот 59-годишен син во скопската населба Аеродром, соопшти поладнево Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 19:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улица „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д. (87) и В.Д. (59), татко и син, двајцата од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури. Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, се наведува во соопштението на Министерството.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собраниската Комисија едногласно и без дискусија донесе одлука Јанева да биде разрешена

Редакција

Попис: Зголемен бројот на жители и станови во Скопје

Редакција

Истрага „Хармонија“ на СЈО: На Балканскиот универзитет му биле продадени парцели по багателна цена

Редакција